Горан Силјановски, десниот бек на Работнички и дефинитивно ќе мора да оди на операција на коленото. Повреда здобиена на пријателскиот меч со Ц. Звезда во Анталија. Направени се неколку снимки, консултирани се повеќе доктори и утврдено е дека повредата е сериозна и дека тој ќе мора да оди на операција. Следува неколкумесечна пауза, тоа значи дека за него пролетниот дел и дефинитивно е завршен уште пред да почне.

Штета за него, но штета и за Работнички, кој како клуб многу очекуваше од Горан Силјановски – Шаро. За „романтичарите” тоа беше едно од најголемите зимски засилувања во текот на преодниот рок кој заврши пред два дена.