Ракометната федерација на Македонија потврди дека квалификацискиот дуел со Исланд, во рамките од втората рунда од циклусот за Европското првенство 2020 ќе го играме во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје, на 14 април од 20 часот.

Откако последниот квалификациски меч на домашен терен најдобрата машка ракометна репрезентација го одигра во Битола против Турција, сега одново се враќаат на позната локација.

Четири дена порано Македонија ќе му гостува на Исланд (10 април) во Рејкјавик, во 20:45 часот по македонско време.

Двомечот со Исланд директно ќе решава за првата позиција во групата.

На табелата во групата 3, Исланд е лидер со 4 бода, втора е Македонија со 2 бода, а исто толку има и Грција која е на третата позиција, додека Турција без бодови е последна.