Новиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија ќе биде избран на 17 март. Досега сеуште не постои ниту еден кандидат кој официјално најавил дека ќе се кандидира за Изборно Собрание. Познато е дека на 25 февруари е последниот датум на кој кандидатите ќе можат да ги достават своите кандидатури.

„Секој Општински Фудбалски Сојуз може да предложи потенцијален кандидат за претседател на Федерацијата. Случувањата одат во најдобар можен правец. Собранијата засега добро работат, досега имаат одржано 10 или 12 собири. Така да засега нема официјален кандидат, а можноста за аплицирање е до 25 февруари. Значи во наредните неколку денови ќе имаме и офцијални кандидати или кандидат за претседател на ФФМ” изјави в.д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини за ТВ Клан Македонија.

Првиот човек на ФФМ во моментов, исто така, говореше и за неговата кандидатура за претседател на Федерацијата.

„Дали Мухамед Сејдини е потенцијален кандидат за претседател на Федерацијата или не, ова ќе биде откриено на 21 февруари, кога ќе се одржи Собранието на ОФС Кичево, поради тоа што доаѓам од овој општински фудбалски сојуз и истиот има право да ме предложи за претседател. На 21 февруари како што веќе кажав ќе биде познато дали ќе бидам кандидат или не” речи Сејдини.

На 17 март, на Изборното Собрание на ФФМ, покрај изборот за претседател на Федерацијата, ќе се усвои и завршната сметка за 2018 година и ќе се говори за буџетот за оваа 2019 година.