Младиот 18-годишен фудбалер Алекс Талески е блиску до промоција во јуниорскиот тим на Плзен. Според официјалната интернет страница на чешкиот тим, тој се наоѓа на проба со чешката екипа до 19 години, и веќе одигра три контролни натпревари за оваа екипа, со што во следните денови ќе следува и дефинитивна одлука дали ќе остане. Најавите се дека ќе остане во оваа екипа, и ќе игра најпрво за младинскиот тим, со можност доколку се покаже да добие шанса и кај сениорите на чешкиот првак.

Талески во летниот преоден рок потпиша професионален договор со Вардар. Но само по неколку одиграни натпревари, си замина од таборот на „црвено-црните“. Играше за младинските состави на Вардар, како и за младинските селекции на нашата земја. Игра на позицијата офанзивен играч за врска, и фудбалер во нападот.

Талески е инаку роден во Австралија, но има македонско потекло. Игра за селекцијата на Македонија до 19 години.