Поради одложување на мечевите од Купот на Македонија, нашата најдобра селекција, подготовките за дуелот со Романија, последен во претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година, ќе ги почне утре во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, наместо во понеделник.

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков повика 14 кошаркари, двајца од нив најавиле дека ќе задоцнат. Станува збор за Стојан Ѓуроски, кој во Скопје ќе пристигне утревечер.

Давитков дури во понеделник на располагање ќе го има комплетниот тим, последен во стројот ќе се приклучи натурализираниот Македонец, Ричард Хендрикс.