На Редовното Годишно Собрание на РФМ, претседателот Живко Мукаетов во деталниот годишен извештај ги најави и квалификациите кои ќе се бараат кај новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

„Главниот фокус ќе биде пополнување на празното селекторско место на машкиот национален тим, а моја желба е тој да биде професионалец, кој ќе се посвети само на репрезентацијата. Со тоа ќе биде насочен само кон репрезентацијата и кон случувањата во македонскиот ракомет”, истакна Мукаетов.

Клупата на машкиот национален тим е празна од почетокот на месецов, по прекинувањето на соработката со шпанскиот стратег Раул Гонзалез.