Најинтересната тема за дискусија на претставниците на клубовите на Редовното Годишно Собрание на РФМ беа предлог – критериумите за спортски клубови со ваучер систем на спонзорирање во спортот преку одредено даночно олесновање овозможено со Закон за данок на добивка.

По фудбалските и ракометните клубови го искажаа своето незадоволство, а коментарите на делегатите беа „Шест милиони евра за сите е смешна сума, треба да се тепаме за тие пари.“

Поради тоа и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов се обрати до претставникот на АМС.

„Донесете го законот побрзо и дефинирајте ги критериумите, но мој апел е да не се лимитира на шест милиони евра. Ние како Федерација, среќа што имавме пари во декември, инаку не знаевме како ќе го преживееме Светското првенство. Можам само да замислам како им е на клубовите“, потенцираше Мукаетов.