Освен дербито во Тетово, денеска се одиграа и другите четири меча од 19. коло од ПМФЛ.

Академија Пандев покажа сила во денешното прво коло од пролетниот дел од сезоната. Македонија Ѓорче Петров „падна“ во Струмица во натпревар во кој домашниот тим низ целосна доминација, славеше победа од 3:0 со головите на Дориев во 12. минута, Крстовски во 63 и на искусниот Стојков во 73. минута.

Победа и Беласица во Кичево одиграа нерешено 1:1 во „дербито на дното“. Двата гола беа постигнати во рок од само две минути. Најпрво Ефремов му донесе водсво на прилепскиот состав, а потоа Ѓоргиев во 21. минута израмни.

Работнички имаше три бода в џеб во дуелот со Ренова. Погодија „романтичарите“ преку Петковски пред крајот на првиот дел, и се чинеше дека ја имаа контролата. Меѓутоа Мишковски во 92. минута успеа да израмни.

Силекс имаше изненадувачки 2:0 во дуелот со Шкупи со головите на Георгиев и на Рајковиќ по првиот дел. Но автоголот на Коцев донесе намалување, а во 99. минута бод за скопскиот тим донесе Велиу.