Задоволството по натпреварот со Вардар не го криеше тренерот на Шкендија Ќатип Османи кој што и покрај осумте бодови предност на табелата, внимателен во изјавите.

„Очекувано тежок натпревар, вистинско дерби. Мислам дека заслужено победивме, дадовме на време гол, и после имавме уште неколку шанси. Имаме добра предност, но за титулата е рано да се зборува, има уште 17 кола. Вардар во своите редови има квалитетни и искусни играчи, и мислам дека со тек на време ќе биде се подобар“, коментираше Османи.