Низ интернет порталите и натаму кружат фотографии и изјави од спектаклот. Секако, за нас во центарот на вниманието е Џеди Осман, направи потег, кој можеби нема го видиме од вистинските Македонци. Иако долго игра за Турција, ова момче не ги заборавени корените, па на неговата лева патика стоеше македонското знаме. Доброто дело и големината на Осман не заврши тука, само со патиките, тој објасни зошто го сторил тоа, Македонија ја заслужува неговата љубов.

Чеди збореше и за дружбата со балканските „браќа“, тројцата заедно настапија на мечот „ѕвезди во подем“, во тимот на Светот. Имаа време и да се дружат, а секако сличноста на нивните матични јазици им ја даваа онаа топлина која во САД не секогаш можат да ја почувствуваат.

„Зборуваме на ист јазик, со Лука и Богдан сме навистина блиски“, рече Осман, целата изјава може да ја прочитате во продолжение.