Како ретко кој наш второлигаш, тимот на Генч Калемлер деновиве се наоѓа во Анталија каде ги одработува зимските подготовки. Гостиварци кои напорно работат веќе неколку дена закажаа и две пријателски средби. Првата се игра утре против Серик Беледијеспор (16 часот по локално време), а додека вториот меч е закажан за во сабота против норвешкиот нисколигаш Дробак Фрогн.

„Драго ни е што ете токму ние како клуб имаме идеални услови да ги одработиме подготовките во Анталија, не знам што би посакале повеќе. Престојуваме во прекрасен хотел, условите за тренинг се идеални, уживаме тука. Се надевам дека до крајот на подготовките се ќе биде во најдобар ред, како на тренинзите така и на пријателските мечеви, и дека живи и здрави ќе се вратиме дома“, вели тренерот на Генч Бирол Топчиу.