Шкендија и Шкупи се предадени на Дисциплинска, откако претходно против нив беше покрената постапка од страна на Натпреварувачката комисија. Причината е таа што фановите на двата клуба на неделните средби со Вардар во Тетово, и со Силекс во Кратово, употребувале пиротехника. Тоа не е ништо ново барем кога се однесува за сите наши клубови кои имаат поголема навивачка група. Исто така вообичаено е да Дисциплинската комисија и одреди парична казна на Шкендуија и Шкупи.

Од друга страна после долго време, на мега – дербито во Тетово, немаше националистички изливи и пароли од страна на домашните фанови. Токму затоа постапката е само за употреба на пиротехника.