Во зимскиот преоден рок, па и тој претходно во летниот, беше поврзуван со трансфер во Вардар, сепак Никола Ѓорѓев остана во Грасхоперс и се чини дека не погреши. Имено тој сега е стандарден првотимец во славниот тим од Швајцарија.

Нашиот репрезентативец и член на онаа златна генерација на У-21 која играше на ЕП во Полска, на првите три меча на Грасхоперс во пролетниот дел е стартер, така беше на мечевите со Базел, со Цирих и со Ксамакс. Единствено проблем е тоа што тимот на Ѓорѓев на сите три меча беше поразен и затоа е последен на табелата во елитната лига на Швајцарија. Сепак за селекторот Игор Ангеловски најважно е што Ѓорѓев игра стандардно.