Интернационалниот Олимписки Комитет донесе одлука каратето како дисциплина да има краток рок на олимписки статус, односно само на ЛОИ во Токио 2020.

Ова е голем удар за македонските карате надежи со оглед на тоа дека овој спорт е најуспешен кај нас и ни носи најголеми шанси за олимписки медал.

Причината за ваквата одлука се должи на фактот дека Французите, кои се организатори на Олимписките игри во Париз во 2024 година, не се заинтересирани за каратето и приоритет ќе дадат на некои други дисциплини како брејк-денсинг, спортско качување, скејт-бординг и сурфањето, а изминатиов викенд на Собранието на РФМ и нашиот делегат Марјан Начевски нагласи дека и ракомет на песок е во таа конкуренција.

Според последните информации потврдени и од првите луѓе на светското карате, Токио 2020 година ќе бидат (засега) единствените Игри на кои каратето ќе влез во официјалната конкуренција.