Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, заедно со неговиот брат близнак беа единствените кошаркари кои успеаја да запишат двоцифрен број на поени во лошата реализаторска вечер на Македонија во Плоешти.

Војдан е реален, не дозволува еуфоријата да го понесе. Можеби квалификациите стартуваат во ноември, осум месеци од сега, но мора да се мисли, особено по овој пораз од Романија, поточно по лошата игра во Плоешти.

„Среќни сме, се враќаме во квалификациите по долго време. Но, по овој меч мора убаво да размислиме. Мора да бидеме реални, денеска игравме многу слабо. Вака нема што да бараме таму. Повеќето од нас знаат дека во квалификациите се игра сериозна кошарка“, изјави за „СПОРТМЕДИА“ капитенот и додаде:

Немавме притисок, а и доволно сме сите зрели. Можеби мислевме дека лесно ќе биде ама можеше многу лесно да не се пласираме во овие квалификации, поточно да чекаме други репрезентации да играат за нас“.