Убава глетка доаѓа од Кристијанштад. Вардар се погрижи преку фотографии да ја пренесе атмосферата во салата. Нервозите на крајот се исплатеа, македонските иселеници беа наградени, Вардар го освои шведскиот град.

„Вардарци им направија голем мерак на навивачите што вечерва беа на трибините во салата во Кристијанштад. Имаа со што да се гордеат. Постојано го бодреа тимот и се радуваа на трибините.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ“, се огласи Вардар по мечот.