Вардар е во криза. И тоа сериозна, резултатска, а неможноста да се победи на натпреварите на подготовките, се пренесе и во првенството. Пораз од Шкендија, пораз од Ренова и губење на второто место.

Александар Васоски разочаран од поразот, по дербито во Тетово истакна дека грешката ќе ја бараат во своите редови и дека ќе мора да се смени пристапот и начинот на игра.

„Лошо. Тоа е единствениот збор. Игравме катастрофално, им подаривме два гола на Ренова, и потоа пробавме да се вратиме во натпреварот. Сосема заслужен триумф на Ренова, и јас им честитам. Грешките секако ќе ги бараме кај нас, заслужено сме поразени, и само знам дека ќе мораме против Македонија Ѓорче Петров за 200% да го смениме пристапот и начинот на игра. Во спротивно лошо ни се пишува“, изјави Васоски.

Дали проблемот кај Вардар веќе станува и психолошки?

„Секако дека психолошки влијае и тоа што немаме долго време победа, но мораме да го најдеме начинот да излеземе од оваа криза. Не само да зборуваме, туку и да ја подобриме играта на теренот“, додаде Васоски.