• Трката по титулата во Холандија останува отворена откако денеска во дербито на 23. коло во најсилната холандска лига ПСВ ремизираше со Феенорд 1:1

ПСВ и Феенорд одиграа 1:1 на „Филипс арената”, а ова реми не им одговара ниту на едните ниту на другите. Првите затоа што дозволија на вториот Ајакс да се доближи на само два бода, а вторите затоа што треперат за третото место во Ередивизијата.
Мечот го одбележаа два гола и црвен картон. ПСВ беше подобар ривал, а гостинскиот голман Кенет Вермер имаше дури девет одбрани.
Во 59 минута бекот на Феенорд Свен ван Бек доби црвен картон поради фаул, но само десет минути подоцна тимот од Ротердам дојде во предност со голот на Николај Јоргенсен. Но радоста на гостите кратко траеше, затоа што мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано изедначи. Тоа беше убаво нафрлена топка од Гакпо, а Ирвинг го изненади својот чувар и со акробатски потег го совлада Вермер.

ПСВ има 58 бодови по 23 кола, а Феенорд 43.