Пишува: Зоран Ѓоршоски

По се она што се случи на мега – дербито со Шкендија, никој ни во сон не можеше да помисли дека Вардар на своето второ гостување оваа пролет во Тетово, ќе го доживее најтешкиот, најубедливиот пораз, во еден првенствен натпревар, во ерата на газда Сергеј Самсоненко. Тоа значи дека од јануари 2014 година па до денеска, Вардар никогаш не бил така понижен, така „наполнет”, така засрамен. Тие 0:4 против Ренова се навистина болни. Со право тренерот Александар Васоски беше лут, но и со право најверните фанови, Комитите, беа гневни и исфрлија грст навреди кон своите миленици.

Сега каде ќе се бара вината? Сега кој е виновен? За тешката хаварија под Шара некој мора да ја плати „сметката”.

Кој ли ќе биде тоа?

Секако дека болат тие 0:4, катастрофата, хаваријата, понижувањето. Но се чини дека најмногу боли фактот што противничкиот тренер, мислиме на Џиџи Илиевски, добро знаел што треба да направи и пред натпреварот им ветил на „гипсарите” вака висока победа.

Знаат ли вардарци што значат неговите зборови, или треба да објаснуваме!!!