Играта се заборава секогаш кога на крајот ќе се оствари целта. Кошаркарите не блескаа во Плоешти, напротив се покажаа во најслабото издание, но и во еден меч со 53 постигнати поени го заверија пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година. Чудно, но вистинито од последните квалификации минаа повеќе од две години, а во нив официјално ќе се вратиме дури по 36 месеци…Токму затоа треба да им честитаме на кошаркарите и да им дадеме поддршка, оти овие и сите оние момци кои се најдоа на списокот на Јорданчо Давитков во изминатиот период веруваа во себе, кога ретко кој им даваше шанса.

За крај најважно е дека Македонија се врати во квалификациите, а како понатаму ќе видиме….