Аргентинецот Габриел Батистута „жареше и палеше” под Апенините во деведесетите години и е легенда на Фиорентина и Рома. Имаше понуди да игра за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан, но тој остана скромен.

„Никогаш во животот не сакав да бидам фудбалер ѕвезда. Едноставно не уживав во тоа. Кога си ѕвезда, си во фокусот на сите и мораш да превземеш дополнителен товар и одговорност”, вели Аргентинецот и додава:
„Ме бараа Реал, Јунајдет и Милан, но јас повеќе ја сакав смиреноста која ја носеше играњето за Фиорентина. Да играв за Реал Мадрид ќе дадев 200 гола и ќе беше ужасно досадно.”

Во кариерата има освоено само едно Скудето во 2001 година со Рома.

„Вистина е дека никогаш немам освоено некој голем трофеј во кариерата, како што е Лигата на шампионите. Но сепак се сметам за победник. Зошто? Затоа што и помогнав на Фиорентина да се натпреварува со големите момци, со големите клубови. А тоа е голема работа”, вели Батистута.

Аргентинецот каруерата ја заврши во 2005 година во Катар.