Блокотехна уште вечерва може да го завери билетот на фајнл-фор завршницата во БИБЛ-лигата. Избраниците на Марјан Илиевски местото меѓу најдобрите четири екипи во балканското друштво можат да го обезбедат и со пораз, истиот не треба да биде поголем од 20 поени разлика. Секако цел на Блокотехна ќе биде да дојде до нов победа со која ќе може да се искачи место погоре на табелата.

И Кожув има шанси да се најде на Ф4, но патот е речиси невозможен. Тимот предводен од Александар Јончевски треба да ја надокнади негативата од 20 поени од првата пресметка со Блокотехна, а потоа да се моли на серија порази на македонскиот тим.

Дуелот меѓу Блокотехна и Кожув е закажан со почеток во 18:30 часот.