БЛОКОТЕХНА – КОЖУВ  89:85 (16:17, 27:15, 22:21, 24:32)

Кошаркарите на Блокотехна ја остварија деветтата победа во регионалната БИБЛ конкуренција. Вечерва во градското дерби со Кожув, домашниот состав обезбеди триумф кој веќе го носи на чекор до водечкото дуо на табелата. Кошаркарите на Кожув по три подпросечни четвртини, покажаа сила во последниот период, но сето тоа беше задоцнет финиш.

Гостите за нијанса одиграа подобро во финишот на мечот, кога го примораа домашниот тим да ја брани високата предност стекната во првите три четвртини. Блокотехна имаше моќен втор период кој го добија со 12 поени разлика и тука како да го решија прашањето за победникот.

Незадржлив за Кожув беше фантастичниот Мијатовиќ кој средбата ја заврши со 31 реализирани поени, притоа реализирајќи и 9 скока. Ѓумиќ беше втор стрелец за Блокотехна со 20 поени. Кај Кожув со 18 поени најефикасен беше Вилијамс.