Челниците на македонскиот првак работат на потполнување на проблематичните позиции. Една од нив, секако е пикерската. Од следната сезона „црвено-црните“ во составот ќе го немаат Рожерио Мораес, кој по три сезони во дресот на Вардар одлучи да замине во Веспрем.

„Спортмедиа“ дознава дека на радарот на македонскиот тим е Марин Шипиќ, еден од најдобрите ракометари на Нексе. 22-годишниот репрезентативец на Хрватска во СЕХА-лигата одигра 14 меча за кои постигна 50 погодоци или 3,5 по натпревар.

За квалитетите на Шипиќ најдобро знае Еурофарм Работник, на првиот дуел во ЕХФ Купот, хрватскиот ракометар постигна седум погодоци.

Во таборот на Нексе дојде во 2017 година, претходно играше за тимот на Вараждин.

Во игра за пикерската позиција пред еден месец беше и Јусеф Бен Али, кој иако има договор со францускиот тим Шарт до јуни 2020 година, сепак доколку се договорат двете страни во Скопје да дојде порано.

Бен Али дресот на Катар го носи од 2013 игра, тој со 45 гола на Светските првенства е рекордер на постигнати голови кога станува збор за пикерите, играчот со најмногу погодоци е нашиот капитен Кирил Лазаров со 92.