Барселона и официјално објави дека и во иднина ќе смета на услугите на Жорди Алба. Бразилскиот фудбалер во дресот на каталонскиот гигант ќе остане до 2024 година, вредноста на неговата откупна клаузула сега изнесува 500 милиони евра.

Алба на „Камп Ноу“ дојде во 2012 година, оваа сезона одигра 36 натпревари за кои постигна два гола и 10 асистенции. 29-годишниот фудбалер освои четири титули во домашниот шампионат и една во Лигата на шампионите во сезоната 2014/15.