Не дозволија изненадување, особено пред својата публика. Кошаркарите на МЗТ Скопје го добија мечот со Рогашка со 84-70 (16-19, 28-16, 26-9, 14-26) и го потврдија местото во плеј-офот во АБА2-лигата на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Следна цел на избраниците на Ѓорѓи Кочов е да обезбедат подобра стартна позиција во доигрувањето, а тоа ќе можат да го сторат со победа против Сутјеска и Спарс, последните противници и директни конкуренти.

Македонскиот вицепрвак во првата четвртина имаше негатива (16-19), во следниот период го наметна своето темпо, на полувремето замина со позитива од 44-35. Победата ја најавија во третата четвртина, ја добија со 26-9.

Бојиќ со 17 поени беше прв стрелец, три поени помалку имаа Мефорд и Иванов.