Марјан Радески е фит, неговата повреда на лигаментите по што се правеше и операција е минато. Офанзивецот на Шкендија и нашата репрезентација, по седум месеци пауза вчера почна да игра.

Имено тој на вчерашниот пријателски меч со Гостивар, Радески беше на теренот и ги одигра последните 20 минути. Ова секако дека е одлична вест за тренерот на шампионот Ќатип Османи, но и за селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски.

Кога сме кај пријателскиот натпревар меѓу Шкендија и Гостивар, да кажеме дека победија тетовци со 1:0 со голот на Шефит Шефити.