Спортинг Лисабон по вторпат го доби мечот со Динамо Букурешт. Португалскиот тим по голем пресврт славеше на гостински терен со минимални 27-26 и обезбеди место во осминафиналето во Лигата на шампионите, а таму за противник ќе го добие Веспрем или Вардар.

Конечниот епилог ќе биде познат по завршување на последните мечеви од групата А. Доколку Веспрем загуби од Келце, а Вардар го совлада Монпелје, во тој случај Спортинг Лисабон ќе игра со „црвено-црните“, во спротивно силите ќе ги одмери со унгарскиот вицепрвак.

Португалските ракометари во првото полувреме имаа негатива од четири гола (15-11), по одморот не само што се вратија, туку вториот дел го добија со пет гола, доволно за пласман во осминафиналето.