Само што се врати на терените, Хари Кејн повторно ќе мора на „пауза”. Овој пат не се работи за повреда, туку за можна суспензија.

На англискиот репрезентативец му се заканува суспензија од три натпревари по мечот со Челзи одигран синоќа, откако се најде во конфликт со бекот на „сините”, Азпиликуета.

Инцидентот не го забележа главниот судија Ендрју Маринер, но сега истиот оди на видео контрола кај дисциплинците на ФА. Тричлениот панел на ФА е подготвен да го разгледа однесувањето на Кејн и ако констатира недостојно поведение може да го санкционира и со три меча суспензија.

Ако биде прогласен за виновен, Кејн ќе го пропушти големото дерби со Арсенал во сабота. Останува да се очекува одлуката на ФА која ќе мора да биде донесена денеска попладне.