По малку чудно ситуација. На два дена пред дуелот меѓу Вардар и Монпелје, една од најважните битки на македонскиот првак сезонава во Лигата на шампионите во слободна продажба има уште 1.500 билети. Бројката на непродадени карти е изненадувачка особено ако се земе во предвид дека станува збор за актуелниот првак во елитното натпреварување, кој на фајлн-форот во Келн го елиминираше Вардар во полуфиналето.

Францускиот тим во Скопје доаѓа по бодови за спас на сезоната, во која влезе во историјата на единствениот бранител кој тргнал катастрофално, а сега се бори за останување на шестото место на табелата кое носи пласман во осминафиналето во ЛШ.

Ова треба да биде повеќе од доволен мотив за фановите, на Вардар му треба поддршка, триумф на последниот меч од групната фаза и пораз на Веспрем од Келце на гостински терен, ќе го смести македонскиот тим на второто место на табелата.

СЦ „Јане Сандански“ ретко кога оваа сезона бил празен за средбите од елитното натпреварување, за последните неколку дуели се бараше и карта повеќе, беа пуштени дури и билети за стоење, добро паметиме дека на вработените во Вардар им „прегореа“ телефоните за натпреварот со Барселона ама тогаш беа во „игра“ и фенси навивачите.