Одличен настап на нашите претставници на Европското клупско првенство во таеквондо што се одржа во Солун, Грција. Филип Додевски и Дејан Георгиевски од клубот ТК Бутел се вратија со медали за Македонија, а одлични настапи имаа и другите наши претставници.

Филип Додевски го освои златниот медал во категоријата -87 кг откако успеа да забележи пет победи: над Дијамантидис од Грција, Бабаевски – Русија, Антониос – Грција, Трабелси – Австраија и Драшко Јованов Србија.

Дејан Георгиевски oбезбеди сребро во категоријата +87 кг. Го помина Ѓорѓе Марчетиќ од Србија во првото коло, па Омар Ел Јазиди од Франција во второто, а во финалето изгуби од актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија.

Одлични настапи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски, а Костадин Георгиевски загуби во тесна борба за медал !