Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров како најдобар стрелец на Нант во групната фаза во Лигата на шампионите патува во елиминациите.

Десниот бек постигна 66 гола на 14 натпревари во групата Б, на чија табела актуелниот европски вице-првак заврши како четвртопласиран.

Лазаров со овие погодоци има вкупно 1389 гола во својата 18-та сезона во најсилното европско клупско натпреварување. Засега тој е единствениот, кој ја има повеќе од илјада погодоци во елитата.