Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изрази сериозна загриженост околу ситуацијата со фудбалските стадиони во Италија.
Според него загрижувачки е фактот што на Апенините само Јувентус и Удинезе имаат сопствени стадиони, додека другите клубови играат на изнајмени стадиони.

Ситуацијата со стадионите во Италија е против секоја логика. Зборуваме за држава во која фудбалот е страст и култура. Кога станува збор за стадионите, во моментов Италија стои зад Габон, каде што беше организиран последниот Куп на африканските нации. Неверојатно е што само Удинезе и Јувентус имаат сопствени стадиони. А стадионот не е трошок, туку пред се инвестиција“, коментира Инфантино.

Клубови како Рома веќе со години се борат да добијат решенија за сопствени стадиони. Но не е само Рома, туку и Милан, Сампдорија, Наполи и Лацио и уште неколку италијански клубови имаат проекти за изградба на сопствени стадиони, но наидуваат на разни пречки од општинските власти.