Хјустон влезе во победнички ритам, на домашен терен го совлада Мајами со 121-118 во фантастичното издание на Џејмс Харден. Ѕвездата на Рокетс испорача 58 поени (16/23 од игра, 8/18 за три поени и 18/18 за еден поен) и додаде уште 10 асистенции, 7 скока и 4 украдени топки. Ова шестти меч сезонава на кој Харден постигнува над 50 поени, нешто што не успеал ниту еден друг играч.

Остин Риверс имаше 17 поени, додека Крис Пол застана на 14 поени и 6 скока. На другата страна Драгиќ и Олиник имаа по 21 поен.

Двата тима понудија доста возбулив меч со бројни пресврти, по изедначената игра во првата четвртина, Мајами заигра фуриозно, со неколку мини серии поведе со плус 17 (69-52). По воведните минути по одморот беше 86-61 за гостите и најава дека ова ќе биде победа за „жешките”, но домаќинот брзо се врати и ја намали негативата на 98-86.

Серијата од 14-0 беше клучна за победата на Рокетси, стигнаа до водство од 117-113 и до крајот не го испуштија.

Тимот од Тексас остана на петото место на табелата во Западната конференција со скор од 37-25, додека Мајами е 10-ти на Истокот со скор од 27-34.

Голден стејт повеќе не е лидер на Западот, со вториот пораз во низа, актуелниот шампион падна на второто место на табелата. По Мајами, Вориорс беа совладани кај Орландо со 103-94.

Причината за новото бледо издание на Голден стејт може да го бара во очајниот шут за три поени (9/40) и отсуството на Кевин Дурент. Стеф Кари имаше 33 поени и осум скока, но и 5/17 за три поени, додека Клеј Томпсон запиша три тројки од 12 обиди.

Ерик Гордон со 22 поени и 15 скока го прводеше победникот, Рос постигна 16 поени.

Резултати: Индијана – Минесота 122-115, Орландо – Голден Стејт 103-96, Њујорк – Кливленд 118-125, Хјустон – Мајами 121-118, Оклахома – Филаделфија 104-108.