Кристијано Роналдо наскоро ќе прави трансфер во ОАЕ, за годишна плата од неверојатни 60.000.000 евра. Како што пренесува „Дон Балон”, тој има понуда да се пресели во Емиратите. Таа сума е двојно поголема од онаа која што сега ја зема во Јувентус.

Е сега дали тоа ќе биде ова лето или наредното, уште не се знае. Се знае само дека досега никој во светот на колективниот спорт немал толкава годишна плата. Тој ќе биде рекордерот, тоа ќе биде лудило.