Грузискиот репрезентативец Реваз Чантурија се сели во Струга и до крајот на сезоната ќе биде дел од тимот на Андон Бошковски, кој претходно му беше и селектор.

Искусното десно крило го раскина договорот со Пелистер по конфликтот со тренерот Јошко Петковиќ.

Чантурија ќе им се приклучи на своите сонародници, Лексо Цителишвили и Гиорги Дикаминџија, а дебито за струшкиот суперлигаш треба да го има во локалното дерби против Охрид, викендов.

За Чантурија ова е петти македонски тим чии бои ќе ги брани со оглед на тоа дека претходно покрај Пелистер има настапувано и за Вардар, Металург и Зомимак.