Димитар Бербатов би можел по 18 години да се врати во ЦСКА Софија, клубот кој го афирмираше како фудбалер, од каде замина кон европските височини.

Бербатов би требало да биде новиот помошник на легендарниот Љубомир Пенев кој во моментов ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на „армејците“.

„Нема одговор, ќе почекаме“, изјави Пенев на прашањето дали Бербатов ќе се врати во таборот на ЦСКА.

Бербатов е само еден од прославените бугарски фудбалери кои би се вратиле во својата родна земја. Во моментов тимот на Етар го води Красимир Балаков, а, пак, Росен Кирилов седи на клупата на Витоша.