Нема што да бара европскиот првак Монпеље во Скопје. Ако тоа не му беше јасно пред натпреварот, тогаш сигурно му стана откако Вардар го порази со 33:27 (16:13) во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вратија „мило за драго“ вардарци. Ако пред девет месеци Монпеље беше тој кој ги запре во одбраната на европската титула во полуфиналето во Келн, сега „црвено-црните” со победа го исфрлија актуелниот европски првак од игра уште по групната фаза.

Милосављев натпреварот го заврши со 14 одбрани, додека Кристопанс беше најефикасен со 7 гола, Карачиќ имаше 6, а Чупиќ 5 погодоци.

Фуриозниот старт на македонскиот првак ја најави таквата судбина на Французите. Расположениот Милосављев меѓу диреците, одличната игра во одбраната, како и креативниот и ефективен напад беше причината за серијата од 5-0 на „црвено-црните” во воведните минути. Ниту повредата на Дисингер, по само неполни две минути игра, не го поремети фокусот на македонскиот првак.

Поточно 8 ипол минути го оставија вардарци европскиот првак без погодок, кога Вилеминот успеја да го постигне првиот гол. Серијата на Вардар траеше до највисоките 7:1 (11 минута), а потоа кренаа на 10:3, 12:5 на десет минути пред крајот на полувремето.

Но, како да падна темпото на Вардар, па Монпеље предводен од Кавтичник и Петерсон направи серија од 1-5 (13:10), додека уште посериозна закана дојде на три минути до крајот кога Ричардсон беше прецизен од седум метри, за два негатива, 14:12.

Сташ и Дибиров, како и двете интервенции едноподруго на Милосављев, донесоа нова предност 16:12, но откако направија техничка грешка во последниот напад, Гребил во контра ги постави оние 16:13 по 30. минути игра.

Вардар имаше уште една криза во почетокот на вториот дел, но Чупиќ превзема одговорност. Тој погодуваше ги проигруваше соиграчите и ја држеше цврста дефанзивната линија, па иако Монпеље се закани неколкупати со еден разлика (18:17).

 

Кога се надоврзаа Стоилов, Кристопанс и Милосавњев (со три одбрани во низа) Вардар одново се најде на +6 (25:19), односно највисоките седум гола 28:21.

До крај само беше прашање само со колку Вардар ќе го совлада европскиот првак и ќе стави крај на неговиот настап во Лигата на шампионите.