Двете нови засилувања за Пелистер, десното крило Александар Гуглета и голманот Даниел Ѓорѓески официјално потпишаа договори со битолските „зелени“.

Новите играчи во тимот на Јошко Петковиќ имаат големо ракометно искуство и освоените трофеи со нивните претходни клубови како во националното првенство, така и во регионалната СЕХА-лига и Лигата на шампионите.

Сончева Битола и преполниот Широк Сокак денеска им посакаа добредојде при кратката прошетка пред официјалното претставување во клупските простории на РК Пелистер.

Гуглета и Ѓорѓески вчера го одработија и првиот тренинг со новите соиграчи во Пелистер, а ќе дебитираат утре во суперлигашкиот дуел со Радовиш.

 

View this post on Instagram

 

Гуглета и Ѓорѓески денес и официјално потпишаа за РК Пелистер . Официјално денес нови играчи се Даниел Ѓорѓески и Александар Гуглета кои ќе конкурираат првиот за голманската додека вториот за крилната позиција за кој може да се каже дека имаат големо ракометно искуство и освоените трофеи со нивните претходни клубови играјќи покрај во македонскиот шампионат така и во СЕХА Лигата и Лигата на Шампиони . Сончева Битола и преполниот Широк Сокак денес му посакаа добредојде при кратката прошетка пред официјалното претставување во клупските простории на РК Пелистер . Во текот на вчерашниот ден тие го имаа првиот тренинг и запознавањето со соиграчите за кои велат дека се фанатастично примени и им е мило дека се во клуб како Пелистер со голема традиција. Веќе утре ги очекува гостување во Радовиш и нивно дебитирање во “зелено-белиот” дрес .

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) on Mar 1, 2019 at 6:42am PST