Баерн неочекувано го наполни голот на Борусија. Во првото полувреме актуелниот шампион поведе со 2:0 со головите на Мартинез и Милер, но Ларс Штиндл намали. Во второто полувреме играа само гостите. Левандовски зголеми на 3:1, па погоди Гнардби и во 91 минута повторно Левандовски од пенал.

Она што е интересно Баерн стана првиот тим што ја проби границата од 4000гола во Бундес лигата. А и Роберт Левандовски може да се пофали со рекорд. Стигна до 195 гола израмнувајќи се на првото место со Клаудио Пизаро како најдобри стрелци-странци во најсилната германска лига.