По завршување на сезоната Металург ќе мора да бара нов тренер, кој ќе има слични визии како Данило Брестовац околу продолжување на трендот на давање на македонски репрезентативни имиња.

Иако неговото поставување на селекторското место отвори нови проблеми во Автокоманда, претседателката на тимот Зорица Блажевска од се срце му посака среќа.

“Среќно по нови животни победи! Можеш и знаеш…наш, а светски…Дан Бресто”, пиша Блажевска која беше присутна на неговата промоција, што пак доволно говори за одлично поставените релации.