Во исчекување на најдоброто од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите, СЕХА-лига ги извади номинациите за месец февруари, во нив се најдоа двајца голмани на македонските тимови.

Никола Даниловски и Калифа Гедбан се најдоа во топ листата на најдбри одбрани, истите ги остварија против ППД Загреб и тоа од седум метри.

Голманот на Металург на оваа листа се најде со двојната интервенциија, откако го одбрани седмерецот, веднаш потоа спречи хрватскиот тим да забележи нов погодок. За жал неговиот тим не успеа да дојде до победа беше убедливо совладан со 36-24.

Гедбан пак пред крајот на првото полувреме го спречи ППД Загреб исто од седум метри да дојде до изедначување. Оваа средба заврши во корист на регионалниот и македонски првак (28-26).

Погледнете ги најдобрите интервенции за изминатиот месец.