Горан Пандев денеска влегува во големото друштво на Сериа А, влегува меѓу меѓу великаните на една од најсилните лиги во светот. Е Гранде Пандев, како фудбалер на Џенова, денеска против Фросиноне ќе прослави јубилеј – 400 настап во Калчото. Од странците кои играле или играат на „Чизмата”, само неколкумина можат да се пофалат дека имаат повеќе настапи од Пандев, тоа се шестмина. Рекордер е Хавиер Занети, вечниот капитен на Интер.

Македонецот ќе имаше и повеќе настапи ако во сезоната 2014/2015 не се реши да направи мала пауза од Италија и да се пресели во Галатастарај. Но брзо се врати и продолжи со одличните игри во Сериа А.
Овие 400 настапи Пандев ги има забележано во дресот на екипите како Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

Ако Пандев до крајот на тековниот шампионат продолжи редовно да настапува во составот на Џенова, тогаш има шанси да се најде и меѓу оние 50 фудбалери кои имаат најмногу настапи вооопшто во Сериа А. Тука рекордер е Паоло Малдини.

Секако да не заборавиме дека Пандев во Интер беше првакм освојувач на купот, европски и светски првак. Се во една сезона, таа златната за него 2009/2010.