Утре во Струмица момците на стратегот на Шкупи, Умит Каран, ќе и гостуваат на А. Пандев, единствената екипа која во пролетниот дел освои шест бодови.

За тоа што може да очекуваат чаирчани свој коментар има Фатих Исмаили, играчот за врска на Шкупи.

„Напорно работевме во текот на целата измината недела.Атмосферата е добра, тимот е добар и затоа сме оптимисти. Нашиот фокус е кон тоа ние добро да одиграме на овој натпревар, кој би можел за нас да биде и како финале, сметам дека ова е многу значаен натпревар за нас” вели Исмаили.

За утрешниот меч со „пандевци” тренерот Каран нема да може да смета на Бесар Исени и Ергин Абдула, сите останати се во комбинација.