Шкендија покажа дека знае да постигнува и повеќе од еден гол на натпревар. Па така Беласица беше совладана со 3:0, серијата ја започна Емини во 54. минута, следуваше супер голот на Агим Ибраими од слободен удар од околу 25 метри за 2:0, за да точка стави младиот Имери со неговиот трет пролетн погодок за тетовци.

Шкендија сигурна, разиграна, пропуштени се многу шанси до врв да се наполни мрежата на струмичани кои во текот на сите 90.минути одигра класичен бункер.

Шкупи го победи непобедливиот

Дека чаирчани не се шегуваат доказ се денешните 2:0 среде Струмица. Составот на стратегот Умит Каран со головите на Трајановски (автогол) и 45. и Ангелов 78. минута дојде до големи три бода, екстра значајни за битката за Европа. Ова беше прв пораз на Академија Пандев во текот на пролетниот дел. Силекс и Ренова одиграа реми без голови, во еден тврд натпревар. Интересно е тоа што на овој натпревар имаше осум жолти и еден црвен картон. Гипсарите речиси 60. минути играа со играч помалку, исклучен беше Емран Рамадани.

ВТОРИОТ ГОЛ НА ШКУПИ ПРОТИВ АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ