Македонската фудбалска икона, Горан Пандев денеска обележа уште еден голем јубилеј – 400 настапи во италијанската Серија А. По дуелот со Фрозиноне, за италијанските новинари, Пандев се заблагодари на сите кои му дадоа шанса и сиве овие години беа заедно со него.

„Ова е многу значајна бројка. Навистина морам да им се заблагодарам на сите тимови каде што сум бил. Штета е што сакав да прославувам со три бода од денешниот меч, но немавме среќа. Знаевме дека Фрозиноне е тежок ривал, а ако не постѕигнете брз гол, потоа е тешко да играте против нив. Им благодарам на навивачите кои отсекогаш биле со нас. Бев возбуден околу банерот, и навистина им се заблагодарувам“,изјавил нашиот голгетер и капитен.