Вардар групната фаза ја завршува на третото место во групата А, нешто на што не се надеваа многумина. Ретки беа оние кои им даваа шанса на „црвено-црните“ момци по заминувањето на бројните играчи од златната генерација.

Токму тоа ги мотивираше ракометарите, кои докажаа дека и оваа сезона противниците треба и тоа како да го почитуваат името Вардар.

По победата над актуелниот европски првак, Монпеље во јавноста се огласи оперативниот менаџер, Марко Савовски, неговите забелешки се на место.