Мал скандал се случи вчера по натпреварот меѓу Шалке и Фортуна Дизелдорф, на кој гостите победија со 4:0. Фановите на „рударите” беа гневни и резигнирани, па нивниот водач се симна долу на теренот и во знак на револт му ја одзема капитенската лента на Бенџамин Стамбоули.

Инаку Шалке и покрај тоа што важи за една од најдобрите екипи во Бундеслигата, сепак игра лошо. Да споменеме дека тимот од Гелзеркирхен пред неколку денови во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите дома загуби од Манчестер Сити со 2:3, иако до финишот на мечот водеше со 2:1.