Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, изјави дека во оваа фаза од својата кариера, тој не размислува да го напушти спортот. Исто така, Германецот ги отфрли опциите според кои тој наскоро ќе седне во еден од болидите на Мерцедес или Ред бул.

„Дали планирам да ја завршам кариерата? Очигледно е дека сега во мојата кариера воопшто не е пролет, од друга страна, кога имате 31 година, се уште имате доволно енергија за спорт. Гледајќи наназад, може да се сетите дека Шумахер беше дури и малку постар од мене кога ја освои првата титула со Ферари. Хамилтон е две години постар од мене, па затоа не ни помислувам на пензионирање. Ќе сторам се да ја освојам титулата и со Ферари“, вели Германецот.

На прашањето за можно враќање во Ред Бул или премин во Мерцедес, Фетел додаде: „Да, Шумахер од 2010 до 2012 година возеше за Мерцедес, но не можам да замислам да бидам дел од овој тим, исто како што не можам да замислам враќање во Ред Бул. Мојата цел е да победувам со Ферари“