Иван Тричковски е главен играч во АЕК Ларнака сезонава. Сега кога најмногу треба на тимот да се бори за првите три места и излез во Европа, Тричковски можеби ќе го чека пауза.

Тој се жали на повреда на листот, и сега ќе треба АЕК да ги чека наодите од повредата. Речиси е сигурно дека ќе следи кратка пауза, и речиси сигурно нема да игра против АПОЕЛ во Купот во среда, а сосема е неизвесен и на мечот со истиот противник и во првенството.

Исто така Тричко е крајно неизвесен и за настапите во селекцијата на стартот од квалификациите против Летонија и Словенија.